fbpx

По денешниот бојкот и протестен марш, тетовските гимназијалци од утре на настава

-

Тетовските гимназијалци од утре ќе почнат со настава во централниот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, откако денеска ја бојкотираа наставата и со протестен марш го изразија револтот од просторниот проблем, со кој се соочуваат повеќе од 15 години.

Одлуката да се продолжи со настава во централната гимназија ја соопшти градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која по завршувањето на протестниот марш, оствари средба со советот на родители и на професори од гимназијата.

– Од утре сите ученици, и Македонци и Албанци, ќе учат во централната гимназија. Наложивме на управата на ова средно училиште да најде начин децата да ги организира и да учат во повеќе смени. Јас наскоро ќе организирам средба со министрите за образование и за транспорт и врски да се најде решени за доградба или надрадба на објект наменет за учениците Македонци во рамките на постоечката гимназија и со тоа конечно да се реши просторниот проблем со овие ученици – изјави градоначалничката Арифи.

Од советот на родители и на професори при тетовската гимназија изминативе неколку дена бараа од надлежните писмена изјава со временска рамка за изградба на ветениот објект за учениците Македонци во рамките на постоечкиот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Во спротивно, како што беше наведено во барањата на советот, ќе следува целосен бојкот на наставата.

Ученците од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ кои следат настава на македонски јазик, од декември 2014 година учат во несоодветни услови, во објектите на Работничкиот универзитет и основното училиште „Гоце Делчев“ во Тетово. Во овие згради нема кабинет по информатика, нема доволно простор, а инвентарот и тоалетите се во лоша состојба.

Во овие објекти почнаа да учат откако 14 години учеа во познатите стари медицински бараки, каде немаше никакви услови за водење настава, а честопати се случуваа и меѓуетнички инциденти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...