fbpx

Пломп: Загрижен сум за општата атмосфера на говор на омраза

-

Амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп, во емисијата „360 степени“ соопшти дека сите земји чии амбасадори беа објавени со некролози на социјалната мрежа „Имгур“, ги повикале македонските амбасадори во нивните земји и им побарале објаснување за дипломатскиот скандал.

– Јас лично не бев многу погоден од овие фотографии. Но, моето министерство во Хаг покажа голема загриженост и веднаш го повикаа македонскиот амбасадор во Хаг за да праша што се случува во Македонија, а истото го направија и другите министерства чии амбасадори беа засегнати. За среќа потоа добивме цврсти уверувања од Владата на Македонија дека целосно го осудува ваквиот говор на омраза кон странските амбасадори и ветување дека ќе преземат мерки за идентификување и за санкционирање на одговорните, како и дека ќе овозможат максимална безбедност за сите амбасадори – вели Пломп.

Холандскиот амбасадор додаде дека е загрижен за општата атмосфера на говор на омраза и за остриот говор кој се користеше деновите по изборите. Според него, тоа ќе доведе до понатамошни поделби и ќе ја отежне ситуацијата за соработка помеѓу партиите и невладиниот сектор.

– А токму таква соработка е потребна за формирање стабилна влада, која ќе може да ја извлече земјата од политичката криза. Тука би сакал да ја истакнам мојата загриженост од острите тонови кон граѓанското општество, кое игра важна улога во секоја држава. Јас овде се чувствувам добредојден, ја сакам Македонија, тука сум година и половина, го сакам народот на Македонија и не сум загрижен – додава Пломп.

Амбасадорот на Холандија оцени дека изборниот ден поминал добро, но дека загрижувачки се критиките кон државните институции по изборите кои пристигнале од партијата на власт, за што Пломп изрази изненадување.

– Тој тип на критики кон државните институции може евентуално да ги делегитимираат изборите, што воопшто не би помогнало. За среќа, институциите продолжија со својата работа и го направија тоа што требаше да го направат и, како што знам, процесот ќе финишира со прегласување во Теарце и ќе треба да го почекаме конечниот исход. Потоа од извонредно значење ќе биде што е можно побргу да се формира стабилна влада која ќе ја извлече земјата од политичката криза – рече холандскиот амбасадор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...