fbpx

Пломп најави експертска помош од Холандија за Македонија

-

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорот на Кралството Холандија Ваутер Пломп на која била изразена поддршка на политиките што водат кон евро-атлантски интеграции на Република Македонија.

– Очекувам мнозинството граѓани да гласаат за евро-атлантска иднина на Република Македонија на претстојниот референдум – рекол премиерот Заев, соопшти владината прес-служба.

На средбата, како што се наведува во соопштението, е констатирано дека е од голема важност секој граѓанин и политички субјект да ја има предвид и личната одговорност за историскиот момент што отвора економски и безбедносни перспективи за нашата држава и за граѓаните на Република Македонија.

„Во разговорот е изразено очекување дека Македонија ќе продолжи со реформските процеси, посебно во делот на правосудството, што ќе придонесе во евроинтеграцискиот процес. Холандскиот амбасадор во оваа насока најави експертска помош од Холандија за Македонија. Исто така изразено е и очекување дека Македонија во скоро време ќе стане 30-та земја членка на НАТО“, се посочува во соопштението.

Заев, како што стои во соопштението, на средбата му се заблагодарил на амбасадорот Пломп „за принципиелната поддршка од Кралството Холандија на демократските процеси во Република Македонија, вклучувајќи ја и поддршката на принципиелно ниво на актуелниот политички процес значаен за членство на Македонија во ЕУ и НАТО“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...