Пливачот Ангеловски постави нов државен рекорд


       
Баку, 26 јуни, 2015 - 10:30 (META) 

Македонскиот пливач и репрезентативец Љупчо Ангеловски, постави нов апсолутен државен рекорд во дициплината 50 метри грбно, на Европските игри во Баку.

Тој го сруши претходно поставениот младински и сениорски рекорд на пливачот Горазд Чепишевски, кој изнесуваше 28,18 секунди.

Ангеловски исплива за 28,15 секунди.