fbpx

Плевнелиев: Не сум против Русија, но политиката на Путин нè води во 19 век

-

Не сакам Бугарија да биде вратена во времето на Берлинскиот конгрес (1878 година, н.з.), кога Русија и Австро-Унгарија се договорија да ги поделат сферите на влијание во Европа. Ова го изјави претседателот на Бугарија во заминување, Росен Плевнелиев, во неговото последно интервју како шеф на државата за бугарската „Нова телевизија“, јавува дописникот на „Мета“ од Софија.

„Денешниот судир во Европа е врз принципи и е многу тежок. Се води меѓу држави кои веруваат во законот како врвен принцип, тоа се земјите од Европската Унија, вклучително и Бугарија, од една страна, и држави кои веруваат во врховноста на силата и на интересите, како Русија, од друга страна. Тој судир е факт. Јас стојам на страната на принципите и на правото“, рече Плевнелиев.

Тој истакна дека ако новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, тргне во поделба на сферите на влијание, тоа ќе биде погубно за Бугарија.

Плевнелиев вели дека не е против затоплувањето на односите меѓу Русија и САД, но додава дека политиката на рускиот претеседател Владимир Путин „нè враќа во 19 век“. Тој истакна дека е горд што бил првиот бугарски претседател што ѝ се спротиставил на агресивната политика на Москва.

„Во Украина имаме акт на вооружена агресија и новиот бугарски претседател ќе треба да каже дали се согласува со тоа. Ако генерал Радев (Румен Радев, новоизбраниот претседател на Бугарија, н.з.) е убеден во својата про-НАТО и во европската ориентација на Бугарија, тоа многу скоро ќе има можност да го покаже со своите дејства. За да биде лесно во тешки времиња, треба да имаш позиција и вредности“, нагласува Плевнелиев во интервјуто.

Тој објасни дека во писмото на европските лидери, на кое се потпишал и тој, се поздравува изборот на Доналд Трамп за претседател, но се испраќа и предупредување.

„Не сум против затоплувањето на односите, јас ќе се радувам Русија и САД да имаат конструктивни и односи базирани на принципи, кои сакаме да ги видиме во 21 век, односно владеење на правото, а не на силата и на интересите“, нагласи бугарскиот претседател во заминување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...