fbpx

Пленумот доби поддршка од студенти од светот

-

Неформалната студентска организација „Студентски пленум“ доби поддршка од колеги студенти од секаде од светот. Студенти од Сараево (БИХ), Пекинг (Кина), Виљанди (Естонија), Владимир (Русија), Мураманск (Русија), Мериленд (САД), Ахен (Германија), Флорида (САД) и Талин (Естонија) ги поддржуваат студентите во Македонија во протестот против законските измени со кои се воведува државен испит.

– Мислењето на студентите е важно. Ние, студентите од целиот свет, сме иднината на народот и иднината на општеството. Нашето мислење мора да биде важно, нашето мислење мора да биде слушнато! Затоа, викнете силно, побарајте си ги правата и излезете на улица! – вели студентка од Ахен, Германија.

Третиот студентски протест почнува в петок, во 14 часот, пред Влада на Република Макеоднија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...