fbpx

„Платформата за борба против корупцијата“ бара да се повлече предлог-законoт за јавно обвинителство

-

Владата сака во нетранспарентна постапка да се донесе Законот за јавното обвинителство и тој не смее да се достави до Собранието во овој момент, а доколку сепак тоа се случи, претходно мора да се организира јавна расправа, порача денеска Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, која ја сочинуваат 15 невладини тела. Тие сметаат и дека сегашната специјална јавна обвинителка Катица Јанева треба да добие можност за нов мандат, но во крајно транспарентна постапка.

„Овој закон е од исклучителна важност за борбата против корупцијата, а со неговото донесување треба да се зајакне институционалниот одговор на коруптивните практики. Со оглед на тоа дека граѓанските организации не беа вклучени во работата на работните групи при подготовката на Предлог-законот за јавното обвинителство, бараме Владата да го повлече Предлог-законот и истиот да не се доставува до Собранието на РСМ“, образложуваат граѓанските организации од платформата, велјеќи дека не само тие, туку и други граѓански организации не биле вклучени во подготовката на законот.

Ако тоа не се направи, тогаш треба во Собранието да се организира јавна дискусија преку матичното тело или јавна расправа во некоја од матичните комисии на која ќе бидат поканети претставници на Платформата и други заинтересирани лица, се вели во реакцијата.

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата вели дека ако се припои СЈО кон Јавното обвинителство и со тоа се загрози мандатот на сегашниот прв човек на СЈО, Катица Јанева, да се спроведе транспарентна постапка за избор на нов Специјален јавен обвинител која треба да овозможи и повторен избор на Јанева.

„Доколку со Предлог-законот се пристапи кон присоединување на Специјалното јавно обвинителство кон Јавното обвинителство, а со тоа на каков било начин се загрози мандатот на обвинителката Катица Јанева, бараме постапката за избор на нов прв човек на Специјалното јавно обвинителство која треба да овозможи и повторен избор на обвинителката Јанева, да се спроведе во транспарентна постапка која ќе може да се следи и од заинтересирани граѓани преку електронските медиуми, на начин како што беше и постапката за избор на членови на Државната комисија за спречување на корупцијата“, порачува Платформата.

Граѓанските организации посочуваат дека подготовката на нов закон без невладините отстапува од досегашната добра соработка и посочуваат дека по првиот напредок во повеќе години во Индекс за перцепција на корупцијата, постигнат годинава поради демократизацијата на процесите, ќе биде чекор назад.

„Со новиот Предлог-закон се предвидени нови надлежности на СЈО, а начинот на избор на специјалниот јавен обвинител и неговата одговорност пред Советот за јавни обвинители го изедначува статусот на СЈО со останатите јавни обвинителства и го вклопува во системот на јавното обвинителство на РСМ со што се губи првичната автономија на трансформираното јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, се вели во реакцијата на 15-те граѓански организации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...