!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Пјонгјанг се заканува со силни контрамерки


       
Владивосток, 7 септември, 2017 - 14:43 (META) 

Северна Кореја денеска порача дека ќе преземе силни контрамерки како одговор на притисокот од САД или какви било санкции кои евентуално би ѝ биле наметнати поради тестирање ракетен систем и го обвини Вашигтон дека сака војна.

Ваквите закани на Пјонгјанг се изнесени во соопштението на официјалната делегација на економскиот форум во Владивосток, на истокот на Русија.

Во истото соопштение, обвиненија се упатени и на сметка на Јужна Кореја и на Јапонија дека го користат рускиот форум за да водат „расипана политика“, наведувајќи дека настанот е наменет за економска соработка во регионот, а не за критика за нејзината програма за ракетно тестирање.

Заканите на Пјонгјанг следат откако САД побараа од Советот за безбедност на ОН да наметнат санкции за нафтата на Северна Кореја, да се забрани изворот на текстил и вработување работници од Северна Кореја во странство и на Ким Јонг-ун да му се забрани патувањето во странство и да му се замрзне имотот.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не очекува севернокорејската криза да ескалира во судир со поголеми размери со нуклеарно оружје и предвиде дека здравиот разум ќе надвладее.