fbpx

Писториус во домашен притвор

-

Во домашен притвор е пуштен поранешниот параолимпиец на Јужна Африка, Оскар Писториус, кој беше осуден на пет години затвор поради убиство на неговата девојка, Рива Стенкамп, во нивниот дом.

Пред точно една година беше осуден на затворска казна, но законот во неговата држава дозволува откако обвинетиот ќе одлежи една шестина од казната, да може да го напушти затворот и останатиот дел од казната го помине во својот дом. Тој ќе носи алка за да се следи неговото движење, кое ќе биде ограничено.

Во првиот обид да излезе од затвор, Оскар Писториус беше одбиен, меѓутоа само еден месец подоцна дојде и одлуката тој да го напушти затворот и казната да продолжи да ја издржува во домашни услови.

Атлетичарот, кому се ампутирани двете нозе, ја претставуваше Јужна Африка на Параолимписките и на Олимписките игри во Лондон во 2012 година. Обвинителството вложи жалба на оваа одлука на Судот, а по неа ќе се решава следниот месец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...