fbpx

Пинингтон: Канада ја поддржува Македонија во НАТО-аспирациите

-

Владата на Република Македонија презема сè што е потребно да го отвори патот кон евроатлантските интеграции и со тоа да го обезбеди и да го осигури квалитетот на живот на граѓаните, изјави премиерот Зоран Заев на средбата со амбасадорот на Канада за Република Македонија, Филип Пинингтон.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев истакнал дека новата влада сака да го спречи големото иселување на младите од Македонија, преку подобрување на економската состојба на земјата.

– Има големо иселување од Македонија, претежно на млади луѓе, за кои сакаме да обезбедиме перспективи и преку работни места и достоинствени плати да ги мотивираме да останат да живеат во Македонија, а тие што заминале – да видат услови да се вратат. За таа цел се обврзавме на амбициозен план „3-6-9“, во чијашто реализација го интегрираме целото општество – рече премиерот Заев.

На средбата било констатирано дека ваквите инклузивни политики на новата влада и исчекорот кон добрососедските односи имаат поддршка и од меѓународната заедница, што придонесува за градењето доверба кон Република Македонија како држава која заслужува да напредува.

Амбасадорот Пинингтон ја поздравил реформската определеност на Владата, која, како што оценил, се одразува со видлива промена на расположението кај граѓаните и со оптимизам дека позитивните промени во државата стануваат реалност. Тој соопшти дека Канада ја поддржува Македонија во НАТО-аспирациите.

Заев и Пинингтон разговарале и за можноста за продлабочување на односите меѓу Македонија и Канада, во делот на економијата.

На состанокот, исто така, е изразена заедничка согласност дека на регионот му треба стабилност и гледање кон иднината, како и дека напредокот на регионот отвора заедничка перспективна иднина за сите држави, меѓу кои и Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...