fbpx

Петерле: На патот во ЕУ црни точки ви се судството, медиумските слободи и корупцијата

-

Словенечкиот европратеник Алојз Петерле во интервју за порталот „Јуропиан Вестерн Балканс“ ја фали храброста на владата да го надмине и деценискиот спор со Грција за името, но потсетува дека патот до ЕУ за Северна Македонија подразбира многу реформи. Како црни точки тој ги означува бавните реформи на правосудството, како и состојбата со медиумските слободи и бробата против корупцијата.

Прашан дали Северна Македонија,  која има кандидатски статус од 2005 година, може да го заврши процесот на пристапување пред други земји од регионот кои веќе ги отворија преговорите, Петерле вели дека резултатите од реформите, а не самите реформи се крајната цел на европската интеграција.

– Процесот на пристапување не е натпревар, туку станува збор за спроведување реформи што пго штитат владеењето на правото и гарантираат подобра иднина за граѓаните.  Фокусирањето на тоа која земја „победува“ наметнува дискурс што ги интензивира реформите, наместо да се посочува на нивното спроведување како крајна цел на европската интеграција. Јас сум оптимист за тоа што Северна Македонија може да го постигне  откако го реши спорот за името и се надевам дека го имаме истиот оптимизам за поширокиот регион  – вели словенечкиот европратеник.

Тој посебно посочува неколку области каде останува многу за сработување, како што се реформите на правосудството,  состојбата со медиумските слободи и бробата против корупцијата.

– Иако е постигнат значителен напредок, процесот на одобрување и спроведување на Преспанскиот договор ја пренасочи политичката енергија во земјата во поголемиот дел од годината. Сега, кога ова поглавје е затворено, земјата треба да се врати на процесот на реформи со истата енергичност и посветеност прикажани во преговорите. И покрај спогодбата за името, има само мал напредок во поглед на независноста на судството, загриженост за слободата на медиумите постои, а во борбата против корупцијата сè уште има многу да се направи. Влада посветена на владеењето на правото мора да биде во можност да се фокусира на повеќе од едно прашање во исто време  – потенцира Петерле.

Околу тоа дали очекува промена во политиката на ЕУ за проширување по изборите во мај, словенечиот европратеник одговара дека не очекува позначителни промени, но сепак се ќе зависи од она што ќе се случува во Западен Балкан.

– Да бидам директен, определеноста за проширување нема да биде значителен дел од  ниту една политичка платформа пред изборите во ЕУ, освен можеби кај оние партии чиија што цел е деградирање и обезвреднување на Европскиот проект, преку ширење страв од новото проширување. Сепак, се надевам дека динамиката на која неодамна бевме сведоциќе продолжи и во следниот мандат и дека ЕУ ќе започне да ги исполнува ветувањата како што  регионот ги спроведува реформите. Ако очекуваме конзистентност и достоверност од нашите партнери од Западен Балкан, треба да бидеме подготвени да дејствуваме на ист начин и да го почитуваме нашиот дел од договорот. Зачленувањето на  земјите од овој регион би значело комплетирање на Европскиот проект, бидејќи тие се историски, географски и културолошки дел од Европа – вели Петерле во интервјуто за „Јуропиан Вестерн Балканс“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...