This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Wed Oct 18 5:34:55 2017 / +0000 GMT

Пет загинати и 60 повредени во земјотресот во Кина




Најмалку пет лица загинаа и 60 се повредени според првичниот биланс од земјотресот кој денеска ја погоди југоисточната провинција Сечуан, јавуваат светските агенции.

Кинеските власти јавуваат дека 30 од повредените се во критична состојба и дека бројот на повредените и на загинатите веројатно ќе се зголеми, имајќи предвид дека потресот бил во перфектурата Нгава, која е позната туристичка дестинација.

Американскиот геолошки завод соопшти дека епицентарот на земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтеровата скала бил 200 километри северозападно од Гуангјуан, во провинција Сечуан, на длабочина од 32 километри.

https://twitter.com/PDChina/status/894941825580052484
Post date: 2017-08-08 18:51:03
Post date GMT: 2017-08-08 16:51:03
Post modified date: 2017-08-08 21:37:49
Post modified date GMT: 2017-08-08 19:37:49
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com