Пет ракети од Сирија паднаа во Турција


       
Анкара, 11 април, 2016 - 19:43 (META) 

Најмалку четири лица се ранети кога пет ракети истрелани од Сирија паднаа на турска територија и го погодија градот Килис, јави турската новинска агенција „Анадолија“.

Турските медиуми јавуваат дека ракетите оштетиле и една куќа.

Инцидентот се случил неколку дена откако две лица беа повредени кога ракета експлодираше во близина на паркот во градот Килис, што ги натера локалните власти да ги евакуираат учениците од околните училишта.