!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Пет лица се убиени во напад на аеродром во Флорида


       
Мајами, 7 јануари, 2017 - 10:33 (META) 

Најмалку пет лица загинаа, откако напаѓач вчера попладнето отвори оган на меѓународниот аеродром Форт Лодердејл, на Флорида, пренесуват британските медиуми, повикувајќи се на официјални претставници и на сведоци.

– Во инцидентот пет лица се убиени, а осуммина се ранети – соопштија од канцеларијата на локалниот шериф.

Телевизијата „Ем-ес-ен-би-си“, повикувајќи се на очевидци, јавува дека напаѓачот е маж во 20-тите години и оти директно пукал во патниците кои го чекале багажот. Полицијата го застрелала кога се обидел да избега, по што е приведен.

Американските медиуми, повикувајќи се на претставник на американските правосудни власти, јавуваат дека напаѓачот е идентификуван. Станува збор за 26-годишниот Естебан Сантијаго, кој за ФБИ во ноември минатата година изјавил дека владата го контролира неговиот ум и го принудува да гледа видеоснимки на групата Исламска држава.

Роднини на напаѓачот изјавиле дека Сантијаго имал психички проблеми, од кои некои се појавиле по завршување на неговата мисија во Ирак, за што почнал да добива лекување во својот дом на Аљаска.

Веднаш по апсењето, Сантијаго е однесен на психијатриска проценка.

Напаѓачот во Форт Лодердејл пристигнал со лет од Енкориџ, а оружјето што кое употребил било скриено во неговиот единствен пријавен багаж. Полицијата вели дека не е необично патници на аеродромот со багажот да го чекираат и своето огнено оружје, затоа што во регионот има многу ловци.