fbpx

Пет години од петкратното убиство кај Смилковско Езеро

-

Точно пет години навршуваат денеска од петкратното убиство кај Смилковско Езеро, кога со огнено оружје беа застрелани четири момчиња од населбата Радишани и маж од селото Црешево.

На Величетврток во 2012 година убиени беа четворица другари на возраст од 18 до 21 година: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски.

Убиствата се случиле меѓу 19.30 и 22.30 часот, кога биле најдени телата на убиените. Обдукцијата покажала дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што сугерира дека има повеќе од еден извршител на чинот.

За петкратното убиство во случајот „Мострум“ доживотна казна затвор им е изречена на Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. Единствено петтообвинетиот, Сејди Рами, доби ослободителна пресуда, поради „немање цврсти докази за утврдување вина“.

Сè уште се чека екстрадиција од Косово на првообвинетите Африм Демири и Агим Исмаиловиќ, кои беа осудени во отсуство.

Одбраната тврдеше дека осудените се невини и дека нема доволно докази за вината, а потоа побара случајот да го преземе Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

За овој случај опозицијата тврди дека постојат прислушувани разговори, кои не беа објавени. Материјалите се предадени во СЈО.

Некои од родителите на убиените момчиња, исто така, јавно изразија сомнеж дека осудените се вистинските виновници за масакрот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...