fbpx

Пет дена прослава во спомен на заштитникот на Охрид – свети Климент Охридски

-

Охриѓани годинава дури пет дена ќе слават во спомен на заштитникот на градот – свети Климент Охридски. Манифестациите ќе почнат в четврток, 4 декември, а ќе завршат на денот на патронот – 8 декември, со свечената академија.

Програмата предвидува уште и бројни изложби, промоции на книги, свечени приредби на учениците, атлетски крос, а ќе се реализира и манифестација „Сите кон Свети Климента“.

Во свеченостите се вклучени учениците на ОУ „Св. Климент Охридски“, со изложба на нивни изработки. Во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде отворена изложба на ликовни творби на учениците од гимназијата „Св. Климент Охридски“, а ќе се промовира и „Збирка задачи во С++“, проект изработен од ученичката Исидора Јанева и од професорката Жаклина Лазаревска.

Закажана е промоција на книгата „Златна лира“ од Пандора Јовановска-Илиевска, како и на книгата „Охридски вистини – случки, приказни и факти од минатото“ од Илче Стојаноски. Во галеријата на „Куќата на Робевци“, ќе се одржи традиционална изложба на Фото-клубот „Охрид“ на тема: „Улична фотографија, црно-бела техника“. Во „Куќата на Уранија“ ќе биде отворена изложба на фотографии од членови на фејсбук-групата „Охрид – слики од минатото“. Во галеријата на Центарот за култура ќе биде отворена изложба на дела од роднокрајни ликовни уметници.

Исто така, ќе се одржи атлетски крос под мотото „Во здраво тело – здрав дух “.

На 8 декември, понеделник, во 9.30 часот, ќе се одржи поклонение пред моштите на св. Климент Охридски на Плаошник. Потоа ќе има полагање свежо цвеќе на споменикот  „Св. Климент Охридски“ во истоименото основно училиште, како и на споменикот „Св. Климент Охридски“ на Градски плоштад. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложбата на отпечатоци на уметнички дела од австралиски уметници „Богатството на духот“, во организација на амбасадата на Австралија во Белград.

Во 19.30 часот, во големата сала на Центарот за култура, ќе се одржи свечената академија – во чест на св. Климент Охридски, заштитникот на Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...