fbpx

Песок и тиња протекува од чешмите во дел од Тетово

-

Од чешмите на жителите што живеат покрај улицата Иво Лола Рибар во Тетово, протекува песок и тиња. Семејствата што ги посетивме велат дека оваа појава, која трае веќе една деценија, е позачестена последниве десетина дена.

– Од сите чешми протекува песок и тиња. Од тој песок ни се затнуваат цревата на машините за перење и редовно се расипуваат. Сме се обраќале до Јавното комунално претпријатие да го реши проблемот, ама бадијала – вели жител на улицата Иво Лола Рибар во Тетово.

Од Центарот за јавно здравје, пак, велат дека најверојатно се работи за локален дефект, затоа што во околните населби во тој дел на градот водата е микробиолошки и хемиски исправна за пиење.

– Има случаи да се појавува песок во водата која поминува низ градскиот водовод, затоа што тетовскиот водовод нема пречистителна станица. Но, сега најверојатно се работи за локален дефект и треба надлежните да утврдат за што точно станува збор. Во меѓувреме им препорачуваме на жителите од Иво Лола Рибар, пред да ја употребуваат водата да остават неколку минути да протече и на чешмите да стават филтри – изјави доктор Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје од Тетово.

Од секторот за водовод и за канализација при Јавното комунално претпријатие Тетово, не добивме коментар во врска со поплаките на жителите од улицата Иво Лола Рибар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...