fbpx

Пешевски: Хан немал прецизни информации за економскиот пораст

-

Еврокомесарот Јоханес Хан можеби не располагал со најпрецизни податоци во овој момент, рече вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ја толкува оцената на еврокомесарот Јоханес Хан, кој во интервју рече дека економскиот пораст во Македонија од очекуваните четири отсто, моментно е нула проценти, пишува „Радио Слободна Европа“.

Пешевски вели дека очекуваат македонската економија оваа година да има пораст и тоа да биде еден од највисоките во Европа. Тој вели дека проекциите покажуваат само мала корекција надолу, но ни приближно не може да стане збор за тоа дека нема да има пораст.

Во интервјуто Хан, меѓу другото, рече дека економската ситуација во Македонија се влошува. Очекуваниот економски пораст од 4 проценти сега е најмалку нула, ако не е и под нулата. Невработеноста е речиси 30 отсто, вели Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...