Апелацискиот суд ја потврдил одлуката на Кривичен суд, за продолжување на куќниот притвор на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска за учество во насилството во Собранието на 27 април минатата година.
На денешната јавна седница таа кажа дека не сторила тероризам и не ја загрозила безбедноста на македонскиот народ. Пешевска се произнесе дека не е виновна и бараше да и се укине куќниот притвор.
– Не можам да повторам дело кое не сум го ни извршила. Не мислам да бегам и да влијаам врз сведоци. Ги понудив и двата пасоша, ако има потреба. Немам ниеден ден отсуство во Собранието. Мајка сум на три малолетни деца. Живеам со стари свекор и свекрва за кои се грижам. Загрозена ми е здравствената состојба, како и на моите деца кои се под третман на психолози – рече Пешевска.
До сега Апелација ги потврди одлуките на Кривичниот суд за сите осомничени за настаните од крвавиот четврток во Собранието.