fbpx

Перу: Свештеник осуден на затворска казна за силување момче

-

Перуанскиот суд осуди свештеник на 35 години затвор, поради повеќекратно силување на момче во училиште во кое тој бил капелан.

Судот утврдил дека Валдир Перез го користел тоа што бил свештеник и капелан во приватно училиште во сиромашна населба, за сексуално да злоупотребува момче од јули 2010 до април 2012 година.

Момчето имало 10 години кога Перез првпат сексуално го злоупотребил, соопшти Врховниот суд на Перу.

Освен затворска казна, Перез, кој ја призна вината, мора да му плати парична казна на момчето во висина од 2.400 долари.

Жртвата рече дека Перез по едно од силувањата му дал пари да си купи „ем-пе-три плеер“.

Католичката црква во последните десет години ја тресат скандали поради свештеници кои сексуално злоупотребуваат деца, особено во САД и во Европа, но пресудите во овие случаи се ретки.

Слични обвиненија против свештеници на Католичката црква се сè почести во земјите од Латинска Америка, каде свештениците се поактивни во училиштата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...