fbpx

Перо Антиќ бурно поздравен од навивачите на Олимпијакос во Атина

-

Страсните навивачи на грчкиот кошаркарски гигант Олимпијакос не ја заборавија љубовта и почитта кон македонската НБА-ѕвезда Перо Антиќ.

Антиќ, кој викендов се најде во Атина за да го проследи натпреварот меѓу вечните ривали Олимпијакос и Панатинаикос, беше френетично поздравен и испратен од навивачите кои верно го следеа две години додека играше за црвено-белите во Пиреа.

Во моментот кога заминуваше од салата на стадионот на Олимпијакос, навивачите громогласно и бурно го поздавија, извикувајќи го неговото име, покажувајќи на овој начин дека спорот за името и политичките проблеми немаат место на спортските терени.

Антиќ беше две години во тимот на Олимпијакос и со него во тимот црвено-белите двапати ја освоија европската шампионска титула.

Македонскиот кошаркар и неговото семејство од првиот момент беа одлично прифатени и од соиграчите, но и од страсните навивачи на грчката кошаркарска сензација, без да има какви било проблеми поради политичкиот спор.

Навивачите на црвено-белите редовно го дочекуваат позитивно и со голема љубов при секоја негова посета на Атина и на натпреварите на Олимпијакос.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не постои план за нов светски поредок со една влада, една религија и една војска

Тврдењето за создавањето на „една светска религија“ потекнува од познатите теории на заговор, како што е теоријата на заговор за Новиот светски поредок. Според овие теории на заговор, повеќето...