fbpx

Пепиќ вели дека во Собранието бил службено, а по негова идеја ја евакуирале Шекеринска

-

Мунир Пепиќ, полицискиот службеник осомничен поради насилствата во Собранието на 27 април минатата година, до Советот кој во Апелациски суд – Скопје денеска ја разгледува неговата жалба за новиот притвор, рече дека во Собранието бил на задача оти следел едно лице, а потоа помогнал во евакуацијата на Радмила Шекеринска.

Неговиот адвокат Еленко Миланов од Советот на скопска Апелација, кој решава за жалбите за притворите, побара притворот на неговиот клиент да биде заменет со домашен притвор или со друга, поблага мерка. Спомена дека Пепиќ е обвинет и во случај на СЈО каде му се одредени мерки за претпазливост, кои како што рече, ги почитувал се до притворањето.

Еленов исто така рече дека Пепиќ на 27 април не бил присутен како дел од масата, туку службено по наредба на неговите претпоставени и дека доказот за тоа е обезбеден од обвинителството.

Мунир Пепиќ во своето обраќање рече дека во Собранието бил бидејќи по наредба следел едно лице, а во еден момент се нашол во просторијата каде биле повредените пратеници. Тврдеше дека учествувал во евакуацијата на Радмила Шекеринска и дека негова била идејата да ја маскираат како медицинско лице за да можат да ја изнесат.

Претставникот на Вишото јавно обвинителство пак побара да се отфрли жалбата на Пепиќ и да се потврди 30-дневниот притвор што му го изрече Основен суд Скопје 1.

Пепиќ беше донесен во Апелација со лисици на рацете и со полициска придружба, а на истиот начин од истражниот затвор Шуто Оризари беше донесен и Митко Чавков, директор на Бирото за јавна безбедност во времето кога се случуваа бруталните насилства во Собранието. Сепак, пред Чавков на ред дојде жалбата на Душко Лазаров.

Се очекува Советот на Апелациски суд Скопје денеска да заседава и за жалбата на Игор Дурловски, поранешен директор на Македонска опера и балет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...