fbpx

Пензионери од Скопје во организирана посета на Археолошкиот музеј

-

Пензионери од Скопје денеска организирано го посетија Археолошкиот музеј за да ги разгледаат артефактите и да се информираат за нивниот историјат од водичите во оваа национална установа, каде што беше и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и претседателот на Сојузот на пензионерите на Република Македонија, Драги Аргировски.

– Пензионерите се овде денеска на нивна иницијатива и можеа да се запознаат со вредните оригинални артефакти од нашето богато археолошко наследство, кои се претставени на неколку нивоа, почнувајќи од праисторијата, па сè до средниот век – рече Канческа-Милевска, соопштувајќи дека од крајот на октомври, кога беше отворен, Археолошкиот музеј досега примил повеќе од 15.000 посетители.

Таа подвлече дека за пензионерите се отворени сите институции од културата со попуст на влезниците од 50 отсто и дека е задоволна од желбата на луѓето во третата доба да посетуваат културни настани. Рече и дека Министерството за култура ја поддржува нивната манифестација – Ревија на песни и ора.

Претседателот на Сојузот, Аргировски, исто така, е задоволен од соработката со Министерството за култура, посочувајќи дека таа е во интерес на околу 250.000 пензионери – нивни членови.

– Ова што го видовме е навистина нешто за паметење. Пензионерите од Скопје денеска имаа можност да го посетат музејот, а веќе имаме барања и од пензионери од Битола, Велес, Прилеп, Охрид, Гевгелија, Штип и од други градови низ Македонија, кои наредниот месец ќе дојдат за да ги видат овие убавини. Ова е светска работа. Таа предисторија, антика, монети и сè друго заслужува респект и човек не треба да дојде само еднаш, туку повеќепати – изјави Аргировски.

Директорката на Археолошкиот музеј, Весела Честоева, рече дека вратите се отворени за посетители од сите возрасти и дека археолошката збирка постојано ја дополнуваат со нови наоди од локалитетите, така што во витрините сега има повеќе од 8.000 вредни артефакти.

– Археолошкиот музеј и понатаму ќе биде промотор на движното културно археолошко наследство во Републиа Македонија и отворен за сите целни групи. Сегашниот број на изложени артефакти не е конечен зашто сите предмети од редовните археолошки ископувања кои ќе го поминат процесот на конзервација, ќе бидат претставени во новата поставка – истакна Честоева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...