fbpx

Пенс му пренел на Заев дека за САД е важно да се обезбеди владеење на правото

-

Премиерот Зоран Заев денеска во Подгорица имал средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

Од Владата информираат дека американскиот потпретседател Пенс соопштил дека Македонија може да смета на поддршката од САД и изразил поддршка за политиките на Владата, како и на заложбите на Македонија за членство во НАТО.

„Ставот на претседателот на САД, Доналд Трамп, е дека САД стојат зад Република Македонија и зад регионот во определбите за интеграција во НАТО“, пренел потпретседателот Пенс.

Американскиот потпретседател се интересирал и за реализацијата на планот „3-6-9“, при што нагласил дека е од големо значење да се обезбеди владеење на правото во Македонија.

„За САД, од големо значење се демократските процеси и во делот на борбата против корупцијата, слободни медиуми, витализирање на граѓанското општество, доброто управување. Ставот на потпретседателот Пенс е дека премиерот Заев ги води реформските и интеграциските процеси со позитивна енергија и со ентузијазам, што е во согласност со потребите на регионот за нова генерација лидиери ослободени од минатото, кои гледаат во иднината на своите граѓани и на својата земја“, се вели во соопштението од Владата.

Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска учествуваше на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, на кој Македонија претседаваше и беше кодомаќин со Црна Гора.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...