fbpx

Пенс: Ќе бидеме со НАТО и Европа, сакаме соработка со Русија

-

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе направи се Иран никогаш да не развие нуклеарно оружје способно да им се заканува на членките на НАТО, но пред се на Израел, изјави американскиот потпретседател Мајкл Пенс.

Говорејќи на Минхенската безбедносна конференција, Пенс рече дека ублажувањето на санкциите кон Иран на таа земја само би и дале повеќе слобода да му се заканува на регионот.

– Под лидерство на претседателот Трамп, САД ќе остане целосно посветена на тоа Иран никогаш да не создаде нуклеарно оружје способно да им се закани на нашите сојузници во регионот, особено на Израел – рече Пенс.

Пенс ја означи Иран како водечка држава во поддржување на тероризмот.

Тој истакна дека новата администрација на САД ќе го поддржи НАТО и ќе застане со Европа, додека истовремено ќе бара нови начини за соработка со Русија. Пенс додаде дека Русија мора да го испочитува мировниот договор од Минск и да го ублажи насилството на истокот на Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...