fbpx

Пендаровски: Референдумот е со иста историска тежина со оној за независноста

-

Референдумот на 30 септември е со идентична важност и еднаква историска тежина како референдумот за независност од 8 септември 1991 година, рече националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски на граѓанската трибина во Битола, која е дел од караванот на коалицијата „Заедно за европска Македонија“.

На средбите со граѓаните беа претставени придобивките од членството во НАТО и ЕУ, притоа осврнувајќи се особено на економските бенефити кои ќе ги има Македонија како дел од најголемиот пазар во Европа од 500 милиони жители.

„Ако тогаш гласавме масовно над 90 отсто да имаме држава, сега на овој 30 ти септември ќе излеземе, ќе гласаме ЗА интеграција во ЕУ и НАТО и за навек да ја утврдиме македонската државност во целиот свет. Да ја завршиме нашата работа, да влеземе во најмоќната безбедносна коалиција НАТО, да ги отвориме вратите за друштвото на најбогатите држави кои се дел од ЕУ,“ порача Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...