fbpx

Пендаровски: Полноправно членство во НАТО на почетокот на 2020

-

Македонија очекува да стане полноправна членка на НАТО Алијансата во првиот квартал од 2020 година, рече на прес-конференција националниот координатор Стево Пендаровски.

Тој посочи дека пристапните разговори би требало да завршат до крајот на годинава, а потоа ќе се чека ратификација во грчкиот парламент.

– Очекуваме пристапните разговори да завршат до Нова година и потоа целиот процес ќе се префрли во грчкиот парламент и во парламентите на останатите земји-членки. Ратификацијата би требало да трае наредна година, за да станеме членка на НАТО во првиот квартал на 2020 – рече Пендаровски.

Владата на денешната седница го усвои концептот на Националната структура за водење на процесот за зачленување на Република Македонија во НАТО.

Трошоците за Македонија за обврските кон НАТО ќе изнесуваат не повеќе од 500 илјади евра на годишно ниво, рече Пендаровски и додаде дека  тоа зависи од бруто домашниот производ и од ресурсите на земјите-членки на Алијансата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...