fbpx

Пендаровски: Од денеска почнуваат пристапните преговори за членство во НАТО

-

Со посетата на висока делегација на НАТО во Скопје, предводена од директорот за Европски и глобални партнерства на НАТО, Џејмс МекКи дефакто почнуваат пристапни преговори за членство на НАТО, изјави денеска на прес-конференција координаторот за НАТО, Стево Пендаровски.

– Ние сме многу среќни што имаме делегација од НАТО која е направена веднаш по носење на одлуката во Брисел, што значи дека НАТО е подготвен веднаш да одговори на заложбите кои со години ги повторува, а тоа е т.н политика на отворени врати. Тие имаат намера да ги исполнат своите обврски, а ние треба да ги исполниме нашите обврски – рече Пендаровски.

Тој додаде дека делегацијата ќе разговара со релевантни претставници на компетентните институции на различни прашања кои се поврзани со пристапниот процес.

– Се разбира нема да разговараат за политичкото прашање кое е наша домашна задача, пред се зборувам за Договорот од Преспа, туку за се друго што е типично за пристапните преговори со која било земја-кандидатка. Тоа значи од воено-техничките прашања па се до правните и финансиските импликации од нашето идно полноправно членство во алијансата – додаде Пендаровски и потенцираше дека Македонија ќе потврди дека и практично е подготвена за сериозни разговори во рамки на оваа фаза од пристапните преговори.

Пендаровски подвлече дека билатералниот договор со Грција останува да биде нашиот предуслов за полноправно членство и очекува пристапните преговори да завршат до Нова година.

МекКи рече делегацијата е тука за да работи на имплементацијата на одлуката која била донесена на Самитот во Брисел.

– Ова ќе биде еден долг процес во кој ќе имаме низа разговори кои што ќе се водат со министерствата, со Владата за вашата земја да стане 30 земја членка на НАТО. Ова подразбира дека треба да се дефинираат политички, финансиски но и аспекти поврзани со самата безбедност и низа на правни договори кои треба да се потпишат. Ќе зборуваме и за низата на реформи кои веќе се случуваат во државата и оние реформи на кои ќе треба да работи Владата како дел од процесот за пристапување кон НАТО – рече МекКи.

Тој додаде дека кога ќе се исполнат и внатрешните процедури за кој зборуваше Пендаровски и кога одлуката ќе биде одобрена во националните парламенти на 29 земји-членки на НАТО,  држава ќе може да стане 30 членка на НАТО.

– Согласно минатите искуства, очекуваме целиот процес да трае 18 месеци. Ќе биде интензивен период, но ќе бидеме трпеливи и очекуваме да работиме со вашата Влада – додаде МекКи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...