fbpx

Пендаровски: Добиваме покана од НАТО да ги почнеме пристапните преговори

-

Националниот координатор за подготовка на Македонија за влез во НАТО, Стево Пендаровски, од седиштето на НАТО во Брисел рече дека денеска добиваме покана да ги почнеме пристапните преговори.

Според него, она што е специфично за Македонија и што е наша конкретно домашна задача е да го имплементираме до крај договорот со Грција, Преспанскиот договор, и НАТО ќе не цени низ таа призма.

– Грубо кажано, ќе има практично две сесии за политички и за технички прашања како што е со секоја друга земја аспирант во минатото. Значи, нема да биде доволно само овие воено технички, па и политички и легални правни услови да ги исполниме, отприлика, во наредните четири до шест месеци, туку ќе биде неопходно да ја завршиме и процедурата за ратификацијата за референдум во однос на договорот и се разбира уставните промени- рече Пендаровски.

Според негова проценка, некаде околу средината на јануари 2019 година би требало, како што вели, ако се биде успешно, да ги завршиме и овие преговори и потоа треба да има ратификација во сите парламенти на земјите членки и тоа може да трае до една година.

Тој додаде дека НАТО нам ќе ни достави план по точки по кои очекува ние да се произнесеме.

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска рече дека очекува Македонија конечно да ја добие поканата за членство.

– Постои една точка околу која се согласни сите 29 земји членки, а тоа е дека Македонија ја заслужи поканата, и дека она што го пропуштивме како шанса во 2008 година овој пат во Брисел ќе успееме да го искористиме. Подобро некогаш, отколку никогаш, подобро сега отколку понатаму во иднината – вели Шекеринска.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи рече дека денеска се отвора иднината за Македонија и во делот на НАТО и во делот на ЕУ и дека перспективите што ги нудат двете организации се стабилност и напредок на економијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...