fbpx

Пендаровски: Да нема фиксен датум за изборите додека не се исполнат условите

-

Носителот на иницијативата „Партнерства за Македонија“, Стево Пендаровски, денеска од Демир Капија посочи дека опозицијата очекува поместување на рокот за предвремените парламентарни избори, како и тоа, овојпат да нема фиксиран нов датум за избори сè додека не се спроведат во целост обврските од Договорот од Пржино.

– Деновиве очекуваме одлука во однос на претстојните парламентарни избори, поточно поместување на рокот што беше еднострано договорен од двете партии во сегашната влада за 24 април. Очекуваме овојпат да не се фиксира нов датум за избори сè додека не се имплементираат во целост обврските од Договорот во Пржино. Ако се имплементираат како што е договорено, како што се потпишани тие обврски од тој договор, општо е уверувањето, не само овде во Демир Капија, туку во цела Македонија, дека опозиционото расположение е на највисоко можно ниво и дека е неспорно доминантното мнозинство во Македонија на страната на здружената опозиција и на целокупниот граѓански сектор, кој поддржува подобра, слободна и европска Македонија – рече Пендаровски при денешната посета на Демир Капија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во изминатото деноноќие регистрирани 22 пожари на отворено, осум сè уште се активни

Вкупно 22 пожари на отворено биле евидентирани во последното деноноќие, а од нив утрово се активни осум пожари, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот над село Селце, кој...