!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Пекинг се задушува во смог и во магла


       
Пекинг, 5 јануари, 2017 - 12:35 (META) 

Во повеќе области во Кина во моментов има големо загадување, а Пекинг е под црвена тревога, највисока од четирите видови тревога што се однесуваат на смогот.

Истовремено во Пекинг е прогласена и жолта тревога поради маглата.

Другите подрачја, особено во Северна Кина се под црвена тревога и поради маглата и поради смогот.

Медиумите објавија снимки на кои се гледа дека смог го прикрива главниот град во толкава мера што се гледаат само врвовите на зградите.

Високото ниво на загадување трае веќе се недели, што доведе до откажување на летови и до воведување забрана за сообраќај.