fbpx

Пекинг се задушува во смог, издадено предупредување од највисоко ниво

-

Властите на главниот град на Кина, Пекинг, денеска поради смогот издале предупредување од највисоко ниво, јавуваат светските медиуми.

„Портокаловото ниво“ за кое било издадено предупредувањето во Пекинг е второ највисоко ниво на загадување. Како што пренеле кинеските медиуми, предупредувањето, меѓу другото, значи и дека се бара од фабриките да го намалат или целосно да го прекинат производството.

Мерењата, во делови од градот, јавуваат медиумите, покажале ниво на загаденост 17 пати повисоко од просекот кој се смета за безбеден по здравјето според Светската здравствена организација (СЗО).

Загадувањето на воздухот е еден од хроничните проблеми за жителите на главниот град на Кина.

Според некои извшетаи, поради смогот, видливоста во делови од Пекинг е само неколку стотини метри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...