fbpx

Пејовска Дојчиновска: Видовте како не треба, направете успешна Антикорупциска

-

Успешна Антикорупциска комисија прават повеќе компоненти добра правна рамка, членови со висок интегритет, знаење и одважност, и стручна служба со ресурси. Сево ова може да го реши Собранието, ако го исклучи партискиот ракурс, порача Софка Пејовска Дојчиновска, поранешен генерален секретер на Секретаријатот на Државната комисија за спречување корупција, на конференцијата „Итни приоритетски реформи: Јакнење на институционалната рамка во борбата против корупцијата: Има ли напредок?“ во организација на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, по повод Меѓународниот ден на борбата против корупцијата.

Пејовска Дојчиновска, која во ДКСК е од „некој ден пред првиот“ од основањето на институцијата во 2002 година, во улога на хроничар го опиша подемот и падот на Антикорупциската.

– Кога се создаваше ја доживувавме како ѕвезда на институционалното небо на нашата држава. Но, како што минуваше времето, како се случуваше тоа што се случуваше со државата, така ѕвездата  темнееше и се претвори во црна дупка. Таа направи самоуништување – рече првата генерална секретарка, прашувајќи се: „Каде патем ја изгубивме? Веројатно кај изгубената држава.“

По првите успешни години, раскажа Пејовска Дојчиновска, вработените во стручната служба се соочиле со антикорупционери назначени како награда за партиска лојалност.

– Гледајќи како дел од нив исполнуваат нарачки од менторите, а вршат мобинг врз вработените во Секретаријатот, заканувајќи се и со откази, како се затскриваат зад статистиките за анкетните листови, а немаат храброст да ги допрат вистинските случаи, што кулминираше со познатата изјава „Најљубезно ве замолувам ова прашање да го затвориме за век и векови – амин“, да затворат очи пред слоновите кои минуваат пред нив и да ги допираат мравките, да поминеш претседателски мандат без ниедна прес-конференција за тоа што си го сработил или да одиш до таму да направиш врата од задната страна за да ги одбегнеш новинарите кои те чекаат пред влезот, да се обидеш да ги класифицираш извештаите, за да ги сокриеш информациите – раскажуваше поранешната генерална секретарка.

Но, нагласи таа, од тоа научивме дека Kомисијата треба да ја сочинуваат лица со многу високо ниво на интегритет, знаење, посветени, одважни. Во неа не смее да влезат луѓе кои во извештаите на европската комисија ќе бидат окарактеризирани како „политички лојални“.

– Сакам да верувам во поговорката секое зло за добро. Сега се наоѓаме пред нов почеток. Се надевам дека ја научивме лекцијата, и дека ќе им биде водилка на пратениците при изборот на нови членови според многу повисоки критериуми. Направете избор на луѓе што ќе ја вратат комисијата на патеката што ја газеше првите години. Направете го тоа, господа пратеници, и бидете сигурни дека во куќата чека Секретаријат со посветени луѓе – порача Пејовска Дојчиновска.

Таа додаде дека и покрај тоа што Антикорупциската чека нов состав, стручната служба функционира во сите сегменти, освен што не може да донесува одлуки во име на комисијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...