fbpx

Пејчиновиќ Буриќ: Поважен е патот кон ЕУ и реформите, отколку целта

-

Шесте земји од Западен Балкан различно чекорат по патот кон ЕУ, при што, поважен е патот и квалитетното спроведување на реформите отколку целта, рече денеска шефицата на хрватската дипломатија, Марија Пејчиновиќ Буриќ, која е во посета на Македонија.

На прес-конференцијата со министерот за надворешни работи, Никола Димитров таа додаде дека реформите се клучни за напредокот на секоја земја на патот кон Европската унија и НАТО и дека  Македонија е добар пример за тоа.

Процесот, според Пејчиновиќ Буриќ, ќе се забрза по решавањето на спорот со Грција околу името.

– Македонија има пријател во Хрватска и откако ќе се реши прашањето за името ќе ја добие нејзината поддршка за што е можно побрзо вклучување во НАТО и почнување на преговорите за влез во ЕУ – рече Пејчиновиќ Буриќ.

Димитров додаде оти искуствата на Хрватска се мошне важни за земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...