This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sun Dec 17 2:19:17 2017 / +0000 GMT

Педесет лица повредени во железничка несреќа во Германија




Најмалку 50 лица се повредени во судир на два воза во близина на германскиот град Диселдорф, соопшти полицијата.

Несреќата се случила откако патнички воз се судрил до товарен. Засега не се знае причината за несреќата.

Патничкиот воз ѝ припаѓа на компанијата „Национал експрес“, основана откако „Дојче бан“ во последните години продаде неколку регионални линии.

Седум лица беа повредени во мај откако воз излета од шините во источниот дел на Германија.
Post date: 2017-12-06 10:07:46
Post date GMT: 2017-12-06 09:07:46
Post modified date: 2017-12-06 10:07:46
Post modified date GMT: 2017-12-06 09:07:46
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com