За интеграција на ПЈРМ во НАТО и ЕУ потребно е решение на името, за што предуслови се промена на уставот и елиминирање на иредентизмот, рече претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос.
– Постои еден начин за да оди напред интеграцијата на ПЈРМ во НАТО и ЕУ. Прво, претходна промена на нејзиниот Устав, нешто што го сигнализира почитувањето што Грција, Европската Унија и на НАТО го покажуваат кон нејзиниот правен поредок и владеењето на правото во целост – рече Павлопулос.
Грчкиот претседател говорејќи за битките на Грците за време на Балканските војни, рече дека тие, од една страна, конечно и непобитно го документираат грчкиот карактер на Македонија, а од друга, ја исмеваат секоја спротивна пропаганда.
Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, близу до Атина, имаа средба со посредникот во преговорите Метју Нимиц кој рече дека разговорите биле сериозни, со позитивни моменти.
Димитров и Коѕиас треба да ги информираат своите премиери пред самитот во Софија каде што Заев и Ципрас ќе имаат средба на 17 мај.