fbpx

Павлопулос: Нема влез на БЈРМ во ЕУ сè додека се инсистира на името „Македонија“

-

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос од Серес испрати нова порака дека Македонија е грчка и колку побргу тој факт го прифатат македонските политичари, толку побргу ќе се подобри политичката клима меѓу двете држави.

Павлопулос отворено спомена дека рампата за влез во Европската Унија за Македонија ќе остане затворена сè додека се инсистира да се користи името „Македонија“ и се шири иредентизам.

„Македонија е грчка и практичното признавање на оваа јасна вистина од секоја страна ќе го олесни значително подобрувањето на политичката клима и меѓудржавните врски на чувствителниот Балкан. Ова треба да го знае добро соседната држава БЈРМ и да не инсистира на имиња, кои претставуваат кршење на историјата и шират иредентизам, кој е спротивен, меѓу другото, и на европското право. Ова значи дека такво инсистирање ја попречува секоја перспектива за прием на БЈРМ во Европската Унија“, изјави Павлопулос на церемонијата за негово прогласување на почесен граѓанин на Серес.

Според Павлопулос, Грција има испружено пријателска рака кон Македонија и сака да помогне да се засили демократијата во државата, но другата страна шири иредентизам и тоа значи дека не се почитуваат границите и европските закони.

Грчкиот претседател често во своите обраќања настапува со ставот дека Македонија е само една и грчка и дека сè додека Македонија инсистира на името, ја фалсификува грчката историја и нема да може да стане дел од европското семејство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...