fbpx

Павлопулос: Грчкиот карактер на Македонија не може да се оспори и за него не се преговара

-

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос повторно од Солун настапи со радикален став дека Македонија е само грчка, третпат во рок од една недела. На годишнината од ослободувањето на градот и на прославата за светецот заштитник, Павлопулос отворено порача дека Солун е „чуварот на грчкиот карактер на Македонија“, кој не може да се оспори и за кој не се преговара.

– Денот на одбележувањето на светиот спомен на заштитникот на Солун, св. Димитрија, е годишнина на Солун, од една страна, во историјата на грчкиот народ и на православието, а од друга страна, е потсетување дека Солун е арка и буден чувар на грчкиот карактер на Македонија, кој не може да се оспори и за кој не се преговара – истакна Павлопулос.

Ваквите зачестени изјави на Павлопуос меѓу новинарите и аналитичарите што го следат спорот за името во Грција се оценува како потценување на обидот на грчката влада преку мерките за градење доверба и зачестените средби со македонската страна да ги подобрат билатералните односи, соработката и довербата меѓу народите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...