fbpx

Патријарх Кирил: Во Србија сум како дома

-

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил, пристигна денеска во тридневна посета на Србија. На аеродромот „Никола Тесла“, Кирил беше пречекан од српскиот патријарх Иринеј и од српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, јавуваат српските медиуми.
– Нашите цркви се поврзани, ја сочуваа довербата меѓу народите, што е од големо значење –  рече Кирил по пристигнувањето.

Патријархот Кирил, исто така, изрази големо задоволство што стапнува „на оваа земја” и додаде дека се чувствува како дома.

– Русија и Србија и народите на двете земји ги поврзуваат историјата и културата, како и зедничкото војување – изјави Кирил.

В сабота, патријархот московски и на цела Русија треба да го освети споменикот на царот Николај Втори и да ги посети руските гробишта во Белград.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...