fbpx

„Патот на свилата“, нов проект на Кина

-

Кина ќе издвои 40 милијарди долари за основање инфраструктурен фонд „Патот на свилата“, соопшти кинескиот претседател Си Џипинг. Целта на фондот, како што истакнува Џипинг, е да се засили поврзаноста во Азија.

Фондот „Патот на свилата“ ќе биде отворен и ги повикува инвеститорите од Азија и надвор од неа, активно да учествуваат во проектот.

Финансиските и трговските иницијативи на Кина, главно, се поврзуваа за Централна Азија, но и со државите од Јужна Азија, поттикнувајќи напори за оживување на „Патот на свилата“, кој некогаш ги поврзувал Кина и Средоземјето.

Минатиот месец Џипинг го откри планот за Азиската инфраструктурна инвестициска банка, вреден 50 милијарди долари, која се гледа како пандан на Светската банка и на Азиската развојна банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...