fbpx

Партијата на Руте освои најмногу пратенички места на изборите во Холандија

-

Либералната партија на премиерот Марк Руте освоила најмногу места на парламентарните избори што денеска се одржаа во Холандија, јавуваат светските медиуми.

Крајно десничарската партија на Герт Вилдерс е на второ место по број на освоени гласови, покажуваат анкетите по излегувањето на избирачите.

Според анкетите, партијата на Руте освоила 31 од 150 места во парламентот, а партијата на Вилдерс би требало да има 19 пратеници.

Анкетата била спроведена во 43 од 9.300 избирачки места.

Резултатите од овие парламентарни избори со нетрпение се очекуваат во Европа поради тоа што тие би можеле да бидат индикатор за силата на крајната десница пред изборите во Франција и во Германија, кои треба да се одржат во текот на годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...