fbpx

Партијата на пензионерите го обвини Сојузот на пензионерите дека е гласноговорник на власта

-

Раководството на Сојузот на пензионери на Македонија (СЗПМ), наместо вистински да се залага за подобрување на статусот и на правата на пензионерите во Република Македонија, од само ним познати причини, продолжува со јавни настапи во корист на актуелната владејачка политичка гарнитура, однесувајќи се како да е портпарол на власта и како СЗПМ да е политички плен што тие го „освоиле“ и е нивна сопственост.

Со ваква реакција се обрати до јавноста Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), по повод, како што се вели, неоснованото продолжување на подршката од страна на раководството на СЗПМ кон Владата, односно нивното манипулирање на пензионерите во врска со наводното зголемување на пензиите за 5 проценти.

„Крајно време е раководството на СЗПМ, особено неговиот претседател, да се свртат кон оние од чија членарина остваруваат значителни дополнителни лични приходи. Ако, пак, сакаат политички да дејствуваат, нека покажат барем минимум доблест и како поединци, да се приклучат кон која сакаат политичка партија. Така од СЗПМ ќе се ослободат од сомнежот дека се испостава на политичката партија на власт. Тоа е барем почесно кон јавноста и кон членството, бидејќи јасно ќе се види кој за што се залага, каде припаѓа и зошто своите лични заложби ги претставува како ставови на ЗП членки на СЗПМ т.е. на пензионерите воопшто“, се вели во писмената реакција на ПОПГМ.

Од ПОПГМ, исто така, ги потсетуваат сите пензионери, без оглед на нивната политичка ориентираност, дека оваа власт досега двапати, во 2014 и во 2015 година, го суспендира член 37. од Законот за ПИО, со кој се регулира редовното усогласување на пензиите, само поради манипулирање со терминот „зголемување“ на пензиите и дека токму во времето на нивното владеење, значително е намалена просечната пензија во однос на просечната плата, а за што никогаш немало јавна критичка реакција на раководството СЗПМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...