!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Партијата на Макрон победува на парламентарните избори во Франција


       
Париз, 18 јуни, 2017 - 20:44 (META) 

Најголем број гласови на парламентарните избори во Франција, односно во нивниот втор круг, кој се одржа денеска, има левоцентристичката партија Републиката напред, на актуелниот претседател на Франција, Емануел Макрон, и нејзиниот центристички коалициски партнер Модем.

Според првичните резултати, тие освоиле 355 места од вкупно 577 места во парламентот, велат проекциите на Ипсос, според нецелосните резултати.