fbpx

Партиите, засега, без пречки одат кон лидерска средба на 31 август и избори во декември

-

Политичкиот договор на партиите тече според зацртаниот план. И од двете македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, велат дека нема да има задоцнувања и одлагања, ниту пак проблеми за да се спроведат сите активности за кои партиите се согласија на 20 јули.

Од СДСМ информираат дека единствена промена ќе има во датумот за формирање на ад хок телото, кое ќе доцни четири дена.

Поддршка за исполнување на договорот од 20 јули дадоа и амбасадорот на САД, Џес Бејли и амбасадорката на Франција во заминување, Лоренс Оер, која на прошталната средба со вицепремиерот Арбер Адеми порача партиите да го исполнат договреното.

Вчера средба со лидерите на четирите партии потписници на Договорот од Пржино одржа и Чарлс Купчан, директор за европски прашања при Националниот совет за безбедност на САД. На средбата присуствуваше и амбасадорот на САД, Џес Бејли, кој потоа на својот профил на „Твитер“ напиша „Добар состанок со Купчан и со лидерите на политичките партии: Да се исполни договореното од 20 јули, поддршка за СЈО, Македонија да се врати на патот на ЕУ и НАТО.“

Преостанува:

  • 18 август – Краен рок за пријавување на спорните гласачи во ДИК;
  • 19 август (односно, 24 август)  – Формирање на ад хок тело за медиуми;
  • 31 август – Краен рок за лидерска средба;
  • 2 септември – Опозицијата именува главен и одговорен уредник на МРТВ (доколку изборите се одржат на 11 декември);
  • 2 септември – Суспендирање на измените во Законот за МВР во однос на надлежностите на министерот (доколку изборите се одржат на 11 декември).

Исполнето:

  • 23 јули – Пратениците во Собранието ги изгласаа измените во Изборниот законик;
  • 25 јули – ДИК го објави списокот со 39.502 спорни гласачи;
  • 28 јули – Пратениците ги изгласаа измените во Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за кривична постапка и за Законот за Влада

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...