fbpx

Партиите тајно го мерат и го кријат рејтингот

-

Изминативе неколку дена на социјалните мрежи се појавија резултати од анкети што, наводно, ги правеле политичките партии.

Некаде пишува дека СДСМ е со водство пред ВМРО-ДПНЕ со 21 спрема 13 отсто, а некаде, пак, дека владејачката партија е во предност 26 спрема 18 отсто за опозициската партија.

Според неофицијални информации, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ сè уште е за неколку проценти повисок од тој на опозициската партија. Според нашиот извор, причина за тоа е негативната кампања што СДСМ ја води.

– Со секоја „бомба“ рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ опаѓа, но рејтингот на СДСМ останува ист. Тоа е нормално кога една од партиите води негативна кампања – вели нашиот соговорник.

Никој од политичките партии не потврдува јавно дали имаат направено анкети и какви се резултатите.

Се јавивме кај неколку аналитичари и во агенции за истражување на рејтингот за да провериме дали политичарите изминатиов период прават анкети за нивната популарност кај граѓаните.

Никола Спасов од Агенцијата за истражување на јавното мислење „Рејтинг“ ни потврди дека политичките партии нарачувале анкети за мерење на популарноста.

– Да, имаме нарачки за анкети, но не се јавни, туку се само за потребите на партиите – ни одговори Спасов.

Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања вели дека кога ќе заврши оваа ситуација, ќе направат анкета и ќе ги објават податоците за рејтингот на политичките партии.

Аналитичаите Петар Арсовски и Ѓорги Кимов велат дека засега и кај нив нема нарачки на анкети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...