fbpx

Партиите предложија жени на листите, но им дадоа мали шанси да влезат во Собранието

-

Политичките партии кои сами или здружени во коалиции ќе настапат на претстојните парламентарни избори на 11 декември, се чини дека заборавија на жените пратенички, па така само четири дами се најдоа како носители на листи во изборните единици на политичките партии.

Радмила Шекеринска од СДСМ во изборна единица 5, Весна Стоименова од Коалицијата за промени и правда во третата изборна единица, Даница Јованова од Либерална партија во изборната единица 4 и Марија Јонес од Левица во третата изборна единица се единствените четири жени носители на пратенички листи. За разлика од жените, мажи се носители на 54 пратенички листи.

Најмногу жени има кандидирано СДСМ – 52 жени, потоа следуваат ВМРО за Македонија со кандидирана 51 припадничка на женскиот пол и ВМРО-ДПМНЕ со 50 потенцијални пратенички.

ПАРТИЈА ИЕ 1 ИЕ 2 ИЕ3 ИЕ4 ИЕ5 ИЕ 6 ИЕ 7 Вкупно
ВМРО-ДПМНЕ 8 8 8 8 8 9 1 50
ДПА 8 7 9 / 8 7 / 39
ДУИ 6 7 8 9 8 8 1 47
СДСМ 9 8 8 8 9 9 1 52
Коалиција за промени и правда 8 8 8 8 8 8 / 48
Партија за демократски просперитет / / / / / 7 / 7
Коалиција Алијанса за Албанците 8 7 / / 9 8 / 32
Либерална партија 8 7 8 9 8 / / 40
ВМРО за Македонија 9 8 8 9 9 8 / 51
Беса 7 8 / / 6 8 / 29
Левица 7 8 7 8 7 / / 37

 

Според последните измени на Изборниот законик, во членот 63 се предвидува застапеноста на женскиот пол на пратеничките листи да се зголеми од 30 на 40 отсто. Исто така, членот предвидува на секои три места да мора да има по една жена.

Во поднесената листа на кандидати за пратеници од ставот (2) на овој член и за членови на совет на општината и градот Скопје од ставот (3) на овој член, најмалку 40 отсто од кандидатите му припаѓаат на помалку застапениот пол, и тоа: на секои три места најмалку едно место му припаѓа на помалку застапениот пол и дополнително уште најмалку по едно место на секои десет места.

Партиите со предложувањето на пратеничките листи, технички ги исполнија условите кои се предвидени со законот, но практично наредниот состав на Собранието нема да има голем број жени.

Кандидатите за пратенички на изборните листи најчесто се наоѓаат од 10. место па надолу, односно тешко е веројатно дека тие ќе добијат пратенички мандат.

Од вкупно 432 кандидатки за пратенички, само 170 се на листите од прво до 10. место. Но, и тие места воопшто не им се загарантирани затоа што имајќи ги предвид резултатите од претходните избори, но и од неодамнешните анкети, помалите партии ќе добијат помал број пратеници, односно можно е само носителите на листите да седнат на пратеничките клупи.

Во просек, само по три жени на секој избирачки список од сите партии се наоѓаат од прво до 10. место. За нив најчесто резервирани се 9, 10, 13, 16, 19, 20. место на листата и гарантираното со Изборниот законик, трето место.

Во последниот состав на Собранието, имаше само 42 претставнички на понежниот пол од вкупно 123 пратеници, односно едвај една третина од вкупниот број на пратеници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....