fbpx

Парното греење поевтинува и ќе грее до 22 часот

-

Граѓаните кои се приклучени на системот за парно греење на „Балкан енерџи груп“ ќе плаќаат поевтино парно за 0,19 проценти, на „ЕЛЕМ енергетика“ за 0,86 проценти, а сметките за топлификација на „Скопје Север“ ќе останат исти, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.

Времето на греење се продолжува за еден час и наместо до 21 часот, граѓаните ќе имаат парно до 22 часот.

Исто така, новина е што нема да се чека температурата да се спушти под 12 Целзиусови степени три последователни дена, туку парно ќе има ако прогнозата на УХМР за следниот ден предвидува температура пониска од 12 степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...