!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Париз бара да се почитуваат Уставот, резултатите од изборите и демократските принципи


       
Париз, 8 март, 2017 - 16:13 (META) 

Уставот, резултатите од парламентарните избори од 11 декември 2016 година и демократските принципи треба да се почитуваат, вели во изјава за актулената политичка состојба во Македонија, државниот секретар на Франција за европски прашања, Арлем Дезир.

„Франција со големо внимание ги следи најновите политички случувања во Скопје. Ние ја поддржуваме заложбата на високата претставничка за надворешни работи и за безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, за излез од политичката криза, за време на нејзината неодамнешна посета на Република Македонија и апелираме за брзо формирање на влада која ќе ги спроведе реформите, како услов за понатамошно приближување на земјата кон Европа“, вели Дезир.

Во својата изјава, државниот секретар на Франција за европски прашања истакна дека Франција ги повикува сите страни на воздржаност, чувство на одговорност и на дијалог и да ја искажат својата посветеност кон регионалната стабилност.