fbpx

Папата во посета на Кавказ

-

Папата Франциск одржa голема проповед на стадион во Тбилиси, на вториот ден од неговата викенд-посета на Кавказот, која е посветена на промовирање на религиозната толеранција и мирот. Во својата беседа денеска папата побара од католиците да пронајдат утеха во Бог.

Грузиската православна црква одлучи да не прати официјална делегација на собирот, наведувајќи дека православни верници не може да учествуваат на католички служби. Грузија е претежно православна земја, но, според Ватикан, има околу 2,5 отсто католици.

По неговото пристигнување во Тбилиси, Франциск се сретна со грузискиот претседател и побара почитување на меѓународното право и на правото на сувереност на нациите. На неговата изјава се гледа како на изразувањето на критика кон Русија, која има војска во грузиските отцепени региони Абхазија и Јужна Осетија.

Утре папата оди во Баку за да одржи масовна проповед, а потоа ќе го посети споменикот на жртвите загинати за независноста и ќе се сретне со владините лидери. Посетата на Франциск на Азербејџан ќе заврши со серија меѓурелигиски средби, вклучително и со претставник на муслиманите на Кавказот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...