fbpx

(ВИДЕО) Папата Франциск повика балканските земји да се интегрираат во ЕУ

-

При својата прва официјална посета на Европскиот pарламент во Стразбур, папата Франциск одржа говор пред европратениците, во кој кусо се осврна и на Балканот, повикувајќи ја Европска Унија да ги прими земјите од Балканот во својот клуб.

– Членството во ЕУ за земјите од Балканот може да биде одговор на желбата за мир на овој регион, кој претрпе конфликти во минатото -рече папата Франциск.

Папата изрази голема загриженост за ситуацијата со илегалните мигранти, кои од Африка и од Блискиот Исток се обидуваат да влезат во Европска Унија и чии патешествија најчесто завршуваат трагично, како што беше случај во Лампедуза минатата година.

– Бродовите кои секојдневно завршуваат на европските брегови се полни со луѓе на кои им е потребна помош. Не смееме да дозволиме Медитеранот да се претвори во големи гробишта – рече папата.

Папата Франциск се осврна и на економската криза во ЕУ и предупреди дека „граѓаните ги перципираат европските институции како далечни, незаинтересирани за проблемите на луѓето, дури и штетни“.

Папата ја искористи можноста да ги повтори ставовите на Католичката црква против абортусот и еутаназијата.

Римокатоличкиот поглавар во овој момент се обраќа пред Советот на Европа, другата европската организација со седиште во Стразбур.


Т.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...